Новиот спот на Дарко Илиевски, за песната „Она Сака“, е снимен на повеќе локации во студио и Хотел Милениум во Охрид. Во организацијата на самиот видео запис се вклучени голем број статисти, професионални танчери од школата на балетско студио „БАХ“, моделот Наташа Неделковска, сценографски и костимографски реквизити.
Видео записот е во реализација на креативниот тим Владимир Ивановски – Дади и Горан Костадинов во продукција на Горила Филмс.
Композцицијата „Она Сака“ е комплетно авторско дело на Дарко Илиевски, додека мастерингот е правен во студиото на Раде Врчаковски – Врчак.