Се снима ТВ серија за животот на кумата на панкот Пaти Смит

Од:

Телевизиската куќа Showtime  ќе ги адаптира мемоарите на американската музичарка Пaти Смит „Just Kids“ во мини серија, јави Uncut.

Смит ќе ги адаптира своите мемоари со драмскиот писател и телевизиски продуцент Џон Логан.

Веста ја објавена претседателот на Showtime, Давид Невинс во текот на летната новинарски турнеја на Здружението на телевизиски критичари (Television Crtics Association).

Невинс по тој повод изјави дека мемоарите „Just Kids“ му се едно од најдархите досега.

– Не само што се работи за фасцинантен портрет на уметник кој созрева, туку тоа е испиративна приказна за пријателството, љубовта и трпеливоста. Воодушевен сум што ќе се слушне уникатениот глас на Пaти Смит низ сценариото кое ќе го пишува заедно со надарениот Џон Логан кој направи неверојатна работа пишувајќи го (сценариото за серијата) „Penny Dreadful“ за нас, рече тој.

Смит пак смета дека ограничениот број на серии на Showtime  ќе овозможи подлабоко да се истражат карактерите  што пак ќе им се овозможи да ја развијат приказната надвор од книгата и да се дозволи необична презентација.

– Таквата форма нуди наративна слобода и можност да ги прошириме темите од книгата, смета таа.

Новите мемоари на познатата Њујорчанка „M Train“ би требало да излезат на 6 октомври. Издавањето на книгата ќе биде проследено со турнеја, а засега се најавени само датумите за Северна Америка.

Издавачката куќа Харпер Колинс ќе издаде на 27 октомври проширена верзија од колекцијата од текстовите на нејзините песни од 1998 година.

„Patti Smith Collected Lyrics“ која ќе опфати 35 нови песни, нови уметнички дела, како и вовед кој Смит самата го направила.

„Кумата на панкот“ на 30 и 31 октовмри ќе одржи концерт во лондонскиот Roundhouse. Настапите се дел од нејзината турнеја која слави 40- годишнината од излегувањето на албумот „Horses“.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски