На денот кога Џастин Тимберлејк се ожени со Џесика Бел, адвокатот на неговата прва љубов, Бритни Спирс во судот токму него го обвини за крахот на кариерата на Бритни Спирс.
„Се измени и стана депресивна откако пукна љубовта меѓу нив двајца“, изјави адвокатот на пеачката и додаде дека крајот на врската со љубовта од детството за неа бил многу болен, по што многу работи се промениле.
Додека беше во врска со Џастин Тимеберлејк, Бритни беше полна со енергија, но откако ја прекинаа врската меѓу нив, таа стана бесна и депресивна“, изјави адвокатот.