Американскиот пејач Џастин Тимберлејк и американската актерка Џесика Бил, по пет години врска, се венчаа во Јужна Италија.
„Одлично е да си во брак. Церемонијата беше прекрасна и беше извонредно што бевме опкружени со нашите семејства и пријатели“ – изјавиле тие ексклузивно за „People“.
Џастин и Џесика до последен момент не ја откриваа локацијата на свадбената церемонија, дури ни нивните гости не знаеле каде точно парот ќе го каже судбоносното „Да“.