Кејти Холмс, која во август годинава се разведе од Том Круз, откри дека не сака да биде сама и дека е подготвена за себе да пронајде нов сопруг. Нејзиниот татко, со кој актерката отсекогаш била блиска сака во тоа да ѝ помогне.
33-годишната актерка и модна креаторка целата своја енергија ја насочила на шестгодишната ќерка Сури Круз, која неодамна тргна во приватно училиште во Њујорк. Сега на нејзиниот татко, адвокатот Мартин Холмс, кој ѝ обезбеди брз развод од Том Круз и старателство над нивното заедничко дете, најважн му е неговата ќерка да биде среќна и да пронајде нов партнер. Тој е спремен во таа потрага да биде главен посредник.
Бракот на Кејти Холмс и Том Круз неповратно беше нарушен шест месеци пред официјалниот развод. Парот пред шест години се венчаше на скиентолошка церемонија во Италија. Според одлуката на судот, актерот има обврска да плаќа годишна алиментација од 400.000 долари, сè додека малата Сури Круз не наполни 18 години. Ѕвездата на холивудските филмови, Том Круз може во последните неколку недели да се види често како сам ужива во прошетки низ Лондон каде снима филм.