Северина Вучковиќ потврди дека се разделила со својот вереник, српскиот крал на бакарот, Милан Поповиќ, пренесуваат хрватските медиуми.
– Се трудевме но не ни одеше. Мојата одлука долго време созреваше во мене и не ми беше лесно дасе одлучам на ваков чекор – изјавила Северина за магазинот „Глорија“.
Таа открила дека со Милан се премногу различни личности и дека неможеле да ги усогласат своите карактери. При одлуката за разделба најмногу мислеле на синот Александар, за кој како што вели пејачката подобро да расне со еден среќен родител отколку со двајца несреќни родители.
Северина жали што Милан веќе два месеци не го видел својот син, но дека и е драго што е толку благороден и што донира инкубатори и креветчиња за други деца.
– Тој засекогаш ќе биде татко на моето дете – изјавила Северина за „Глорија“. Таа на Милан не му замера што не дошол на крштевката на Александар во Ријека, и сметала дека тој имал поважни обврски во моментот.