Вергара: Сакам кога луѓето мислат дека сум сестра на својот син

Од:

Актерката Софија Вергара изјави дека сака кога луѓето мислат дека таа и нејзиниот син се брат и сестра.

Вергара (40) често го поминува времето во јавност со својот 19-годишен син Маноло, а луѓето кои мислат дека му е сестра или девојка не ги поправа.

– Навистина тоа го сакам! Особено кога мислат дека ми е брат. Тој несака кога некој мисли дека сум му сестра и секогаш ми вели да ги исправам и да кажам дека сум му мајка. Јас никогаш не ги корегирам, вели Вергара за магазинот ОК.

Вергара и Маноло имаат развиено посебна врска откако таа се разведе од својот сопруг Џо Гонзалес, за кого се омажила кога имала 18 години.

– Многу сум блиска со својот син. Тој отсекогаш беше зрел за своите години. Има многу стара душа, рече Вергара.

Вергара додаде и дека нејзиниот син многу мрзи кога ќе ги забележат обожавателите, затоа што таа секогаш застанува за да се форографира со нив.

– Во реалноста изгледам малку пониско отколу на екгранот. Поради тоа луѓето некогаш не се сигурни. Гледаат во мене и се прашуваат дали навистина сум тоа јас или не. Меѓутоа, штом нешто кажам веднаш сите знаат дека тоа сум јас. Кога сум со синот секогаш ме тера да одиме понатаму штом видиме потенцијални обожаватели затоа што знае дека ќе останеме со нив најмалку еден час, додаде Вергара.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска