ВИДЕО: Почина изведувачот на хитот „Кога мажот ја сака жената“

Од:

Пејачот Перси Слeџ почина денеска во Луизиана на 74-годишна возраст, објавија американските медиуми.

Перси ќе биде запамтен по класиката „Кога мажот ја сака жената“ („When a Man Loves a Woman“), кој во 1966 година беше број еден на топ листите, а денес се наоѓа на 54-то место на листата на најголеми хитови во сите времиња на магазинот „Ролинг Стоунс“.

Хитот „When a Man Loves a Woman“ беше негов личен пејачки триум, по што неговата кариера одеднаш зема нагорна линија. Потоа следеа хитовите „Warm and Tender Love“, „It Tears Me Up“, „Out of Left Field“, „Take Time to Know Her“ и други, а голем успех оствари со поновиот хит „I’II Be Your Everything“.

Перси, пред да стане славен, работел на полињата со памук во неговото родно место на севрозападниот дел на Алабама, а подоцна работел и во болницата во близина на Шефилд.

На Перси Слеџ лани успешно му беше извршена операција по дијагностицираниот рак на црниот дроб. Според лекарите, тој починал по природна смрт.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски