Поранешнатат членка на групата “Пусикет Долс” (Pussycat Dolls) Никол Шерцингер призна дека додека била во групата, страдала од булимија.
Шерцингер (34) рече дека многу се мрзела себе си и се обидувала да повраќа секој ден, бидејќи се чувствувала многу осамена во бендот.
– Едноставно се мрзев самата себе. Бев згрозена од себе. Се чувствував осамено, бев во групата, а никогаш не се чувствував толку осамено – рече таа.
– Го правев тоа секој ден, одприлика со години. Секој момент кога бев сама си правев нешто себе си. Од сето тоа ќе добиете плускавци на рацете и лузни, кои подоцна се обидував да ги сокријам – додаде пејачката.
Шерцингер вели дека се срамела од своите проблеми и не сакала да вознемирува никого за тоа колку е напната поради притисокот од славата.
Во епизодата на “VH1 Behind the Music”, која наскоро ќе биде емитувана Шерцингер вели дека тоа што се терала себе си да повраќа била нејзината зависност, никогаш не користела дрога, но од тоа што самата си го правела, станал зависна.
– Мојата булимија беше мојата зависност – повредувањето на самата себе ми беше зависност – заклучи таа.
Клипот за таа епизода od емисијата покажува колку роднините на пејачката, која ги напушти “Pusiket dols” пред две години, велат дека таа “мораше да побара помош или да умре”.
Никол Шерцингер, според пишувањата на таблоидите на крајот на минатата година ја обнови врската со Формула 1 возачот Луис Хамилтон. Неодамна, се појавија гласини во американските таблоиди дека таа и Хамилтон повторно раскинале, бидејќи не можеле да ги усогласат деловните обврски, што таа го негираше тоа.