Според најновите истражувања, некои производи, дел од секојдневната исхрана, додатоци или десерт имаат ист ефект врз вашето расположение, како и употребата на седативи. Нутриционистите сметаат дека консумирањето на овие продукти придонесува да се чувствувате одлично.
1. Црно чоколадо
Покрај тоа што е вкусно, црното чоколадо е богато со магнезиум и минерали кои ги смируваат мускулите и ја намалуваат напнатоста. Тоа исто така содржи и триптофан, кој ги олеснува симптомите на депресија.
2. Лосос
Содржи цело богатство од „Омега 3“ кое се користи во борбата против против депресијата и промената во расположението. Тоа исто така ја подобрува и меморијата.
3. Спанаќ
Овој зелен зеленчук е богат со фолна киселина и витамин Б, кои исто така го подобруваат вашето расположение. Покрај тоа, спанаќот е антиоксиданс и ги штити вашите мозочни клетки.
4. Пилешко
Месото од пилешките гради е богато со витамин Б12, кој го релаксира вашето тело.
5. Авокадо
Идеален невротрансмитер, но добар и за кожата, косата и ноктите.
6. Грчки јогурт
Не само што е идеално пробиотичко средство, туку помага и за зајакнување на вашето расположение и на имунолошкиот систем.
7. Зелен чај
Антиоксидант кој има смирувачки ефект.
8. Бобинки
Боровинките, јагодите и малините содржат хранливи материи кои го намалуваат стресот и депресијата.