Јогуртот е многу корисен за косата и кожата

Од:

Јогуртот има многу корисно влијание на човековиот организам, содржи во себе пробиотици кои се одлични за дигестивниот систем, но исто така е одличен и за кожата и косата.

Во прилог се неколку совети како да го користите јогурот за да го отстраните првутот, да направите природен пилинг, да ја избелите кожата и да ги омекнете напукнатите усни.

Отстранување на првут – Јогуртот измешајте го со сок од лимон и малку сол, а готовата смеса нанесета ја на темето. За неколку дена ќе ја забележите разликата. Јогуртот може да го помешате со маслиново масло, а разултатот ќе биде подеднакво добар, ќе го отстраните првутот.

Природен пилинг – Не е тајна дека млечната киселина помага во отстранување на нечистотијата и ја прави кожата мека и нежна. Јогуртот може да се помеша со овесен прав и жолчка од јајце, и смесата брзо ќе ја регенерира вашата кожа.

Избелување – Помешајте јогурт со изрендана кора од портокал и нанесете ја на кожата доколку сакате да ја избелите откако ќе поцрвени поради влијанието на сонцето.  Поради оваа смеса повеќе нема да се плашите да „изгорите“.

Испукани усни – Доколу имате проблем со испукани усни, на нив нанесете мешавина од јогурт и шафран. Доколку сакате, можете да додадете и масло од сенф. Смесата е потребно да ја нанесувате два пати на ден.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска