Малезија ги зајакна акциите против исламистите што врбуваат борци за боиштата во Ирак и Сирија

Од:

Малезиската полиција денеска соопшти дека на аеродормот во Куала Лумпур уапсила две лица кои имале намера да заминат да се борат на страната на групата Исламската држава.

Со нив биле и најмалку петмина млади Малезијци за кои полицијата се сомнева дека се меѓу позначајните личности кои пропагираат заминување и учество во борбите на ИД, но тие избегале,

Според полицијата, во Малезија најголема пропаганда исламските радикали спроведуваат во универзитетите. Покрај „светите идеи“ за поддршка на Исламската држава во Ирак и Сирија тие нудат и финансиска поддршка на семејствата што ќе останат во земјата и поголемо количество пари за тие што решиле да заминат да се борат во страната на ИД.

Малезиската полиција смета дека логорите за обука на идните борци на ИД се наоѓаат на југот на Филипините, каде што дејствува радикалната исламистичка група Абу Сајаф, огранок на Ал Каеда во југоисточна Азија.

Минатиот месец полицијата распиша потерница по еден универзитетстки професор, кој на социјалните мрежи се претставил како главен идеолог на Абу Сајаф и шеф на „Исламскиот Калифат“ што ќе се формирал на малезиска и филипинска територија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска