Порториканскиот пејач Рики Мартин на своите профили на социјалните мрежи најави дека неговиот следен албум, наречен „A quien quiera escuchar“ (За оној кој сака да слуша) ќе излезе во февруари следната година.
– Едноставно сакав да го споделам насловот на својот иден албум со вас. Ќе излезе на 10 февруари, објасни пејачот на англиски и шпански во видео-снимката објавена на Фејсбук, Твитер и Инстаграм.
Во досегашната кариера, 42-годишниот Мартин продаде повеќе милиони албуми, а за идната година најави дека ќе биде интересна и полна со музика и романтични моменти.