Јутјуб беше принуден да го надогради својот бројач на гледаност, затоа што песната „Гангнам стајл“ на корејскиот музичар Псај го надмина бројот од 2.147.483.647 милијарди прегледи.
Имено, луѓето кои го направиле бројачот не очекувале дека некоја снимка ќе достигне поголема гледаност од овој број.
– Не мислевме дека некоја снимка би можела да биде повеќепати прегледана од 32-битниот број, но тоа беше пред да го сретнеме Псај. „Гангнам стајл“ е прегледан многу пати, поради што моравме да го надоградиме бројачот, изјави претставник на Јутјуб.
„Гангнам стајл“ без сомнение е најпрегледувана снимка на Јутјуб.
Откако Јутјуб го надогради својот бројач, „Гангнам стајл“ го прегледле уште десет милиони корисници.