Концерт на Четкар во САД

Од:

Во знак на благодарност на македонскиот народ до американскиот, музичарот Владимир Четкар ќе одржи целовечерен концерт на Универзитетот Норвич во државата Вермонт во САД.

Четкар ќе настапи со авторска програма, а ќе биде придружуван од Ник Фалк на тапани и Брајан Лед на бас гитара.

На концертот ќе бидат поканети гувернерот, сенаторите и конгресменот од оваа сојузна држава.

Армијата на Република Македонија и Националната Гарда на Вермонт имаат соработка повеќе од 15 години и настапот на Четкар ќе ја симболизира благодарноста на македонскиот до американскиот народ.

Исто така и македонскиот универзитет „Св. Апостол Павле“ веќе три години прави размена на студенти со Воената академија „Норвич“, а од следната година  свои кадри ќе испрати и Воената академија од Македонија.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски