Фантастична дружба и одлична забава вети популарната балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражњатовиќ, пред вечерашниот нејзин концерт во „Мертополис“ арената во Скопје.
Најавена е четиричасовна журка која ќе стартува во 21 часот, а освен во хитовите на Цеца присутните ќе можат да уживаат и во неколкуте изненадувања кои ги подготви организаторот.
Актуелната турнеја Цеца ја започна веднаш по излегувањето од домашен притвор, и досега ги посети речиси сите поголеми европски градови: Париз, Стокхолм, Дизелдорф, Минхен.
Скопскиот концерт е дел од турнејата со која фолкерката го промовира последниот, четиринаесетти по ред студиски албум „Љубав живи”.
http://www.youtube.com/watch?v=oCuU8deeMbE&feature=share
Влезниците чинат од 800 (обичните) до 1.000 денари (ВИП картите). Веднаш по концертот Светлана ќе си замине, како што и дојде со свој приватен авион.