„One direction“ ѕвезди на доделувањеto на МТВ ЕMA во Глазгов

Од:

Машкиот бенд „One Direction“ синоќа освои три МТВ Европски музички награди, станувајќи така голем победник на вечерата во Глазгов.

Британскиот поп – бенд, познат по својата посветената база обожаватели, освои награди во категоријата за најдобар поп, најдобар настап во живо и најголеми фанови.

Раскошната церемонија, исполнета со огномет, со што беше обележан и 20-от „роденден“ на овие награди, одржана е во арената Хидро во Глазгов, која прима 13.000 луѓе.

Аријана Гранде исто така успешно помина синоќа освојувајќи две МТВ ЕМА награди за најдобар женски изведувач и најдобра песна (Проблем).

Ники Минаж доби награда за Најдобар хип хоп изведувач, а Џастин Бибер за Најдобар изведувач.

Хеви метал ѕвездата Ози Озборн доби почесна награда „Глобална икона“, додека ирските рокери U2 се претставија со нумерата „Every Breaking Wave“.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски