Лепа Брена во сериозни проблеми

Од:

Кариерата на една од најпопуларните балкански пејачки на сите времиња, Лепа Брена, е доведена во прашање откако и се појавија проблемите со субклавијалната венска тромбоза.

„Брена е многу лоша здравствена состојба, а нејзината кариера се уште е под знак прашалник. Нејзиниот проблем со тромбот не решен, па постои можност таа засекогаш да се збогува со јавните настапи. Семејството и блиските пријатели постајано и велат да намали малку, но таа не сака, упорно продолжува да работи“, вели близок пријател на пејачката.

Поради овој проблем во јули беше хоспитализирана. Но, тоа не беше првпат. Со тромбот таа се соочува уште од октомври 2004 година.

Но, не е само тоа.

Таа има и проблеми од правна природа поради откажаниот концерт во Центарот за спорт и рекреација во Сараево. Градот бара од неа надомест на штета од 10.000 евра.

За главен виновник во овој спор таа го посочи нејзиниот менаџер, Бане Обрадовиќ, наведувајќи дека целата организација околу концертот е под знак прашање. Па на сараевчани им порача:

„За мене работат професионалци и се надевам дека својата работа ќе ја завршат професионално. Моја работа е да пеам, а не да се грижам за финансиите“.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски