Бијонсе годинава со најголема заработка

Од:

Бијонсе е прогласена за жена која најмногу заработува од музиката, при што досега се здобила со богатство проценето на 115 милиони долари.

Благодарение на нејзиниот нов албум и меѓународната турнеја, 33-годишната ѕвезда, двојно го зголеми своето богатство во однос на минатата година.

Списанието „Форбс“ ја оцени оваа година „како најважна во кариерата на Бијонсе“, кога имаше голема продажба на нејзиниот албум, престави модна линија, соработуваше со „Ејџ-Ем“ и со „Пепси“, а имаше и профитабилна турнеја.

Инаку годинава таа имаше дури 95 настапи низ светот, а во просек заработувалапо 2,4 милиони за секој настап. Затоа воопшто не е чудно, дека во јуни истото списание ја прогласиза „најпозната личност на светот“.

Тејлор Свифт, оваа година се наоѓа на второто место со 64 милиони долари, но во тој износ не е вклучена заработката од 1,5 милиони од продадените примероци на нејзиниот нов албум „1989“.

Имено, продажбата на музиката и не им е толку важна на ѕвездите, кои успеаја да се најдат на листата на најплатените. Од петте кои се на врвот, само Бијонсе и Кејти Пери оваа година издадоа нови албуми,а Свифт, Ријана и Пинк заработија над десет милиони долари без нови хитови.

Лани на врвот на листата беше Мадона.

Листа на заробтака:

– Бијонсе – 115 милиони долари

– Тејлор Свифт – 64 милиони долари

– Пинк – 52 милиони долари

-Ријана – 52 милиони долари

– Кејти Пери – 40 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска