Цеца се иселила од Србија, ќе живее во Кипар

Од:

Иако и досега многупати одеше во својата куќа во Кипар, на викенди, одмори или кога и да посака, сепак никој не ни претпоставуваше дека балканската фолк ѕвезда, Светлана Ражњатовиќ – Цеца откако замина на летен одмор во Кипар, всушност не планирала да се врати. Таа ја напуштила Србија на подолго време.

Причината е, како што вели таа, мирот, плажата во близината на куќата, но и заштитата на нејзините деца. Таа верува дека само така ќе им овозможи на Анастасија и Вељко да не заталкаат во пубертетот и нема да бидат под постојан притисок на медиумите.

Тие таму ќе одат на училиште.

„Единствено што и било тешко е разделбата од нејзината сестра Лидија, бидејќи таа морала да остане во Србија затоа што нејзината ќерка Хелена ќе оди во прво одделение“, изјави близок пријател на Цеца.

Откако и заврши домашниот притвор, на 22. февруари годинава, само дваесет дена таа помина во вилата во Белград.

Нејзиното враќање во Србија се очекува на 28. септември затоа што треба да се појави во суд, по што уште истиот ден ќе се врати во Кипар.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски