Крајот на летото го означи стартот на работните ангажмани на Алабакоски. Со последните сончеви зраци, се случи и снимањето на спотот за песната „Дојди ми”, а за која Алабакоски доби субвенции од државата, за помош и поддршка на македонската музика.
Во македонскиот бисер за светските медиуми или Охрид за нашите, Фабрика продукција извезе оригинална видео приказна со која Ламбе порачува „Дојди ми”. Музиката и аранжманот се на Јован Јованов, а текстот е на Елвир Мекиќ.
Песната е најава за албумот кој што е во подготовка и треба да излезе наскоро.
„Летото секогаш е мој период од годината. Освен што имав време за семејството, напорно снимав и работев на нови песни. “Дојди ми” беше логичен след на настаните. Јован и Елвир се веќе проверено дуо и воопшто не се сомневав дали песната ќе ми се допадне. Спотот пак е само дополнување на музичката приказна” – изјави минатогодишниот победник на Скопски фестивал.
Матичната План Б Продукција на Ламбе Алабаковски, најавува албум со комплетно нов звук кој што ќе го лансира Ламбе повторно на македонските топ листи.