Малколм Јанг ја напушта групата АC/DC

Од:

Легендарниот рокер Малколм Јанг, основач на австралиската хеви метал група АC/DC, нема да се врати во бендот, откако кон крајот на минатата година зема одмор поради болест, објавено е на веб страницата на групата. Не е објавено од што боледува Јанг.

– За жал, поради природата на состојбата на Малком, нема да се врти во бендот, пишува во соопштението.

Малколм Јанг (61) и неговиот брат Ангус, двајцата гитаристи, ја основаа АC/DC во 1973 година и го претворија бендот во еден од најуспешните на сите времиња.

Новиот албум на групата што ќе биде објавен во декември, ќе биде прв во 41-годишната историја на АC/DC каде нема да свири Малколм Јанг.

АC/DC идната година ќе оди на светска турнеја, а со бендот наместо Малколм ќе свири Стив Јанг, внукот на Малколм и Ангус.

Браќата Јанг се родени во Шкотска, но како деца со родителите се преселиле во Австралија.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски