42 години од смртта на Џими Хендрикс

Од:

Еден од најпопуларните музичари во историјата на рокот, Џими Хендрикс, со вистинско име Џејмс Маршал Хендрикс, почина на 18 септември 1970. во Лондон.

Неговиот препознатлив гитаристички израз остави длабока трага во џезот, блузот и другите модерни музички правци. Хендрикс беше самоук во гитаристичката наобразба,а нотите не знаеше ниту да ги чита ниту да ги пишува. Поради тоа беше сосредоточен на слушање на звуците кои ги произведуваше. Неговата музичка инвентивност беше изразена пред се во користење на разни електронски помагала со кои го искривуваше звукот и ја градеше мелодијата.

Во текот на раните 60-ти години ги пратеше на америчките турнеи ѕвездите како што се Литл Ричарди Тина Тарнер. 1966 година се пресели во Лондон и ја оформи групата “The Jimi Hendrix Experience”. Веќе со првата песна Hey Јое постигнува значителен успех. Следната година со објавувањето на албумот “Are You experienced” стекнува голема популарност во Европа,а со настапот на “Monterey Pop festival” преку ноќ станува најголема светска концертна атракција.

Во текот на кратката кариера промени неколку пратечки состави,основа сопствено студио за снимање во Њујорк и неуморно снимаше албуми и настапуваше на концерти. Смртта го запре во 28-та година од животот во текот на третата европска турнеја. Умре под неразјаснети околности од, пред се судејќи, случајно предозирање со барбитурати.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски