Нов мјузикл за животот на Боб Марли

Од:

Британскиот театарски режисер, Квам Квеи-Армах го најави новиот мјузикл за реге-ѕвездата Боб Марли, кој повеќе ќе се осврне врз животот на музичарот од Јамајка, отколку на музиката, пишува британскиот весник „Гардијан“.

За разлика од традиционалните „џубокс“ мјузикли, во кои музиката е поважна од приказната, овој ќе се занимава со тригодишниот „динамичен“ период во животот на Марли од 1975 до 1978 година, кога на Јамајка преживеал убиство и се преселил во Лондон каде ги снимил неговите албуми „Exodus“ и „Kaya“.

Во разговор за всесникот „Њујорк тајмс“ режисерот изјавил дека не станува збор за едноставен обид на поврзување песни во некоја драмска приказна. Станува збор за животот на овој човек, за тоа како го ставил сопствениот живот на коцка и заминал во самонаметнатото 18-месечно бегство кога ги снимил двата свои најважни албуми.

Мјузиклот би требало да дебитира во мај 2015 година во театарот Center Stage во Балтимур, каде Квеи-Армах е уметнички директор.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски