Бијонсе и Мајли Сајрус блеснаа на доделувањето на МТВ музичките награди

Од:

Ѕвездата Бијонсе го затвори доделувањето на видео музичките награди на МТВ со епски 20-минутен перформанс, а на сцената и се придружија и сопругот и ќерката.

Бијонсе пееше и танцуваше во металик боја трико, додека двегодишната Блу Ајви и Џеј Зи гледаа од публиката кога  дивата изјави „МТВ, добредојдовте во мојот свет“.

beyonceMTV

Семејството беше заедно на сцената, кога Бијонсе ја доби специјалната награда „Авангард” во чест на Мајкл Џексон, за нејзиниот придонес кон музиката. Џеј Зи ја нарече сопругата „најголемиот жив изведувач“.

Со солзи во очи Бијонсе се заблагодари на публиката и погледна кон сопругот и ќерката, велејќи им дека ги сака.

Beyonce-Win-jmd-082414

Мајли Сајрус ја освои наградата за видео на годината за темата „Wrecking Ball“. Младата изведувачка овој пат остана назад, а на сцената го испрати својот гостин. Во нејзино име, наградата ја прими бездомникот Џеси, кој повика да се посети нејзиниот сајт со цел да се сврти вниманието кон проблемите со кои се соочуваат бездомниците.

За најдобро рок видео, наградата ја понесоа Артик Манкис за „Do I wanna know?“, додека за најдобро хип-хоп видео Чајлдиш Гамбино.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски