Пензионираниот британски рокер Фил Колинс се враќа на сцената.
Поминаа четири години откако за последен пат одржа концерт промовирајќи го својот осми студиски албум Going Back, а уште повеќе откако ја пееше стандардната листа со своите хитови.
Да потсетиме, во мај настапи со училишен бенд во училиште кое го посетуваат неговите синови во Мајами на Флорида. Во таа прилика ги испеал песните In the Air Tonight и Land of Confusion.
Поранешниот фронтмен на групата Genesis на 6 декември ќе одржи хуманитарен концерт кога ќе испее многу повеќе од две песни, пренесе VVN Music. Приходот од концертот со име Dreaming on the Beach е наменет на фондацијата Little Dreams Foundation, која во 2000 година ја основал со својата сопруга Ориана, за да помогне да ги оствари соновите на младите таленти.