Актерката и пејачка Барбра Стрејсенд во септември ќе го објави својот нов албум, на кој ќе се најде и нејзиниот „дует“ со починатиот пејач, Елвис Присли, пренесоа светските медиуми.
Таа на 16-ти септември ќе го објави албумот „Партнерс“ на кој се наоѓа и композицијата „Love me Tender”.
По согласноста на наследниците на Присли да се сними оваа композиција, гласот на починатиот пејач е монтиран, со помош на компјутерска технологија. На новиот албум ќе се најдат 12 песни, а партнери на 73 годишната Стрејсен се и познатите пејачи како Андреа Бочели, Бил Џоел и Стив Вондер.
Е. Г.