Ален Хасановиќ го отвори фестивалoт „Стари Град“ во Србија

Од:

Честа да го отвори натпреварувачкиот дел на јубилејното 10-то по ред издание на реномираниот фестивал „Стари Град“ кој се одржува традиционално во Нови Пазар, Србија, ја имаше македонскиот пејач Ален Хасановиќ.

Од 6 до 9 август во Нови Пазар, Србија, се одржа десетто по ред издание на реномираниот фестивал „Стари Град“.

Во првата вечер со громогласен аплауз и настап на бендот „САРС“ започна фестивалскиот спектакл предводен од водителската двојка Ирина Радовиќ и Милорад Мандиќ – Манда.

Втората вечер беше резервирана за концертот на „Црвена Јабука“, а честа да ја отвори третата вечер и натпреварувачкиот дел на јубилејното 10-то по ред издание на реномираниот фестивал „Стари Град“ кој се одржува традиционално во Нови Пазар, Србија, ја имаше македонскиот пејач Ален Хасановиќ.

– Можам да кажам дека си поминав преубаво и ми беше голема чест да го отворам фестивалот пред 20.000 публика. Вистинско задоволство е да се настапува на јубилејно издание на еден таков реномиран фестивал, каков што е „Стари Град“ во Нови Пазар, Србија“ – вели Ален.

Фестивалот во организација на Културен центар Нови Пазар и „MassEntertainment Group“ со доделувањето на наградите и концерт на Ален Исламовиќ пред публиката од 30.000 посетители го заокружи своето десетто издание.

Победник на фестивалот е младата пејачка Сашка Јанковиќ која покрај главната награда освои и награда за најдобар текст.

Автор на музиката и текстот е самата Сашка, а публиката ја познава како финалистка во реалното шоу „Првог гласа Србије“ и учеството во натпреварот „Беовизија“ во 2009 година кога се избираше претставник на Србија за песна на „Евровизија“.

Наградата за хит на летото ја освои Нина Жижиќ од Црна Гора, а за најдобар дебитант беше прогласен Јасмин Селмановиќ. Наградата за аранжман отиде во рацете на Марко Гредиќ од Нови Пазар.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски