Познатиот фото модел, актерка, водителка и продуцент Хајди Клум живее во вила на калифорнискиот брег на Тихиот Океан, чија пазарна вредност се проценува на околу 25 милиони долари.
Вилата, која има 12.000 метри квадратни се протега на имот од 8,4 хектари и од неа се пружа поглед кон Пацификот, оддава впечаток дека е со илјдници километри оддалечена од вревата на блискиот Лос Анџелес.
Куќата има осум спални соби, десет бањи, салон за прием, библиотека, трпезарија, кујна, голема остава, соба за дневен престој, работен кабинет, просторија за јога и вински подрум.
Меѓу поинтересните детали во куќата се и трпезариската маса донесена од еден париски хотел, полица во библиотеката која потекнува од селската куќа на Наполеон и бањата со огромен прозорец преку кои може да се ужива во поглед на Пацификот додека се лежи во кадата.
Опкружувањето на вилата го сочинуваат базен, мини спа-центар, рибник, градина со рози, фонтани, игротека за деца, пешачки патеки и терен за голф.