На петтиот меѓународен напревар на трубачки оркестри што заврши во Гуча, учествуваа девет оркести од Полска, Романија, Србија, Словенија, Македонија и Словачка.
Најдобар меѓународен оркестар по мислење на жирито, е Уска Кан од Македонија додека најдобар трубач е прогласен Екрем Мамутовиќ. На второ место е Сокол Оркестар од Полsка, а трет The Zuralia Orchestra од Романија.
Вицешампион во борбата за најдобра труба е Кристијан Азоровиќ.
Минатата година на истиот натпревар за најдобар трубач беше прогласен Демир Кантуровски, член на Уска Кан.