Славниот американски ултимејт фајтер Боб Сап, познат како Ѕвер и неговиот предизвикувач, Србинот Душан Панајотовиќ се степаа на снимање на емисијата „Ами Џи шоу“.
Ништо не наговестуваше дека ќе дојде до инцидент, но во еден момент ситуацијата излезе од контрола.
Огњен Амиџиќ и обезбедувањето во студиото се обиделе да ги смират страстите, но не било лесно. Искршени се делови од сценографијата, но избегнат е потежок инцидент. Најмногу се уплашил водителот кој не можел да поверува што се случува.