Ален Хасановиќ го промовираше својот најнов видео-запис

Од:

Победникот на годинешниот фестивал „Канео Фест 2014“, Ален Хасановиќ вчера во кафулето „Скопје Кафе“ на Плоштад Македонија го промовираше својот најнов видео запис за темата „Кога сфатив“ и српската верзија „Кад си мени рекла иди“.

Пред колегите, новинарите и најблиските пријатели кои дојдоа да ја проследат неговата промоцијата, младиот пејач Ален Хасановиќ го промовираше својот најнов видео запис кој е во режија на Зати Продукција од Охрид.

– Морам да признаам дека сум презадоволен како помина промоцијата. Сакам да искажам голема благодарност до сите медиуми и пријатели кои ме испочитуваа и дојдоа на мојата промоција во Скопје. Во песната вложивме многу труд и искрено се надевам дека публиката ќе ја прифати и ќе се пронајде во неа. Јас сум комплетен автор на песната и навистина ми е многу мило што пред пошироката јавност го презентирав своето прво дело – изјави Хасановиќ.

Комплетен автор на песната е самиот Ален Хасановиќ. Во продолжение погледнете како изгледа неговиот прв видео запис.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски