Новиот видео-запис за песната „Италијана“, популарната Северина ќе го престави во петок, само 4 часа пред нејзината „противничка“, Јелена Карлеуша, да го направи истото со својот спот за „Со“.
Овие две пејачки и досега многупати се натпреварувале и ја ставале на тест својата популарност (пример со песните „Плава Шехерезад“ и „Бред Пит“), па во петок се очекува вистинска војна за посетеноста на „јутјуб“.
Разликата е само 4 часа предност за Северина, која прва ќе „аплоадира“ во 10 часот наутро, а по неа Јелена во 14 часот напладне.
Па како што велат, подобриот нека победи.