ФОТО: Еве како ќе изгледа светот за 10 години

Од:

Фирмата за проценка на ризици „Томсон Ројтерс“ објави десет предвидувања за 2025 година, кои се базираат на анализи на научни предвидувања. Извештајот предвидува како ќе се развиваат науката и технологијата во наредната деценија. „Од најмалите лични работи до најголемите континенти, се ќе стане дигитално поврзано“- наведуваат аналитичарите во извештајот.

Опаѓање на деменцијата

glavobolka24

Повеќе научно-истражувачки средства, односно пари ќе бидат вложени во проучување на деменцијата и со самото тоа ќе се намали бројот на заболени.

Сонцето-извор на енергија

solarna-energija

Научниците предвидуваат дека процесот на собирање, преработка и чување на сончевата енергија ќе биде унапредено и поефикасно и дека поголем дел од светската популација ќе ги користат соларните извори како примарни.

Намалување на бројот на дијабетичари

Dijabetes001

Човековиот ген ќе биде модифициран и ќе го спречува настанувањето на болестите, како што е примарниот дијабетес, а со самото тоа ќе се намали и бројот на пациенти на кои им е потребен инсулин.

Храна ќе има за сите

glad-detete

Благодарение на напредокот и модерните технологии во земјоделието, недостатокот од храна и промената на цените на основните животни намирници ќе стане минато.

Воздушен сообраќај

Solarni-Avion-Solar-Impulse

Леталата и новите технологии ќе овозможат превоз на возила на копно и во воздух. Ќе постојат микро-комерцијални авиони, а добивањето дозволи за пилоти ќе биде нормално за секој поединец.

Дигитална ера

Superkompjuter-Prof-Jack-Dongarra

Од автомобили до куќи, кои реагираат на секаква желба, до апарати кои „мислат со своја глава“, се што не опкружува ќе биде дигитално.

Производите од пластика ќе бидат минато

marketPolicici

Ќе бидат забранети пластичните кеси, шишиња и генерално сите производи од пластика и нафтени преработки. Биоразградливите амбалажи на база на целулоза ќе бидат вообичаена норма.

Поблаги нуспојави во тек на лекување

Srce007

Развојот на лекови ќе биде попрецизен, ќе ги врзува специфичните протеини и ќе бидат користени антитела со цел да се намали ефектот на токсичните хемикалии кај пациентите кои се лекуваат од канцер.

Мапирање на ДНК според раѓање

sxc-hu-flaivoloka

Еволуцијата на нанотехнологијата, заедно со распростанетите технологии „Големи податоци“, кои содржат податоци за различни луѓе ќе го направат мапирањето на ДНК за стандардна процедура. Превентивните лекарски прегледи ќе бидат задолжителни еднаш годишно.

Квантно телепортирање

Povratak-u-buducnost-delorijan

Иако до 2015 година луѓето нема да можат да се телепортирааат низ просторот, квантната телепортација ќе стане вистинита и вообичаена, што ќе овозможи истражување на „егзотичните“ облици на материи.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска