Српските фолкери во проблеми: Вистинските автори на „нивните“ хитови бараат отштета

Од:

До српскиот Сојуз на композитори (Сокој) е доставен список од 30 хит песни на српските естрадни ѕвезди, за кои нивните вистински автори бараат надомест, пишува „Блиц“.

Секако, не е тајна дека некои од најголемите српски хитови се само плагијати на грчки песни, но ѕвездите веројатно очекува дека овој див запад што владее на сцената во Србија ќе продолжи довека, наведува весникот.

Според „Блиц“, група грчки композитори бараат 6,1 милион евра отштета за нивните украдени хитови, а на листата доставена до Сокој се нашле песни на Јелена Карлеуша, Аца Лукас, Аца Пејовиќ, Саша Матиќ…

Се работи за песни објавени во последните десет години, кои се земени без одбрение, потпис и надомест.

Карлеуша дури отишла и чекор подалеку, па на некои композиции и самата се потпишала како автор.

– Во прашање е сериозна сума на пари која грчките композитори ја бараат преку своите адвокати. Прво со авторите се обидуваме да се договориме надвор од судот. Најчесто се работи за неколку илјади евра по песна, изјави за „Блиц“, Родољуб Стојановиќ, директор на „Риц Паблишинг“ кој ги застапува Грците во спорот.

Грчката авторска агенција уште пред неколку години испратила листа до Сокој, но тие тврдат дека не се надлежни за плагијати.

– Ако се утврди дека грчките автори се оштетени со украдени песни, тие своите пари мора да ги бараат преку суд и тоа не од Сокој, туку од авторите кои на Сокој му дале лажни податоци за авторство. Ако судот пресуди дека делото е плагијат, плагијаторот е должен парите што ги добил од Сокој да ги уплати на оригиналниот композитор, објаснува директорот на Сокој, Александар Ковачевиќ.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски