„Мандарина“ е новата песна на Лозано што ветува да го збогати летото и да биде вистински домашен хит.
Со брз и динамичен поп ритам, романтична лиричност, сензуалност и емоции со кои е исполнет секој стих од песната Влатко е во потрага по девојката со вкус на мандарина.
– Особено сум задоволен од песната, а со финализирањето на спотот ќе добиеме одличен производ. Мандарина е песна што разиграноста на љубовниот занес го има вткаено во ритамот, во текстот и токму затоа очекувам да биде вистински летен хит, вели Лозановски.
Песната е правена според музиката и аранжманот на Лазар Цветкоски, додека пак текстот е потпишан од Магдалена Цветкоска и Милан Миланов Коса.
Во моментов се работи на постпродукцијата на видео записот за „Мандарина“ која ќе биде потпишана од Горила продукција, а како режисер на спотот е Огнен Шапкаровски.
Влатко и неговиот тим изминатата недела го снимаа спотот. Како локации за оваа љубовна приказна беа избрани градовите Охрид и Струга, каде се снимаше на неколку атрактивни локации.