Победничката песна од Скопски фестивал доби своја видео приказна. „Ќе те чекам јас“ инаку дело на Јован Јованов (текст, музика и аранжман) на Велешко езеро во продукција на Македонската телевизија раскажа и своја приказна со слика. Во спотот кој инаку го работеше Фабрика продукција, главната женска улога и ја деделија на ракометарката Ива Стојковска.
„Спотот се снимаше на неколку локации во неколку дена. Се уште не држеше позитивната победничка атмосфера од Скопски фестивал па снимањето помина без било каков проблем. Ива Стојковска се снајде одлично во улогата на модел и мислам дека и годеше за момент спортот да го замени со спот“ – изјави Ламбе.
Во периодот кој што следи, Алабакоски ќе сними спот и за новата песна „Кога те имам“. Летниот период кој инаку го трошеше на плажа во Преспа, годинава ќе го потроши на подготовка на нов музички материјал.