Пензионираниот британски рокер, Фил Колинс се врати на сцената за да настапи во училишниот бенд, во училиштето каде што одат двајцата негови синови во Мајами на Флорида, пишува дневниот весник Мајами Хералд.
Поранешниот фронтмен на групата Џенезис, кој од музичката сцена се повлече во 2011 година за да се посвети на децата, настапи пред учениците во училиштето Miami Country Day.
63-годишниот пејач, кој има продадено над сто милиони носачи на звук, призна дека бил малку нервозен пред концерот, но на пробата во четвртокот учениците му дале до знаење дека е дел од групата, дека е еден од нив.
Колинс во училиштето изведе хитови од Џенезис „In the air tonight“ и „Land of confusion“. Неговата поранешна сопруга Оријана Колинс Мехати,, која живее во Мајами објасни за весникот дека пејачот се врати на сцената на молба од синовите.