Здравко Чолиќ сними спот во Македонија на почетокот на овој месец, на атрактивни локации во Скопје и Охрид.
Влатко Стефановски се појавува во спотот како специјален гостин, а своја улога има и Натали Грубовиќ.
Текстот на песната „Ватра и барут“ го напиша Марина Туцаковиќ со помош на Чола кој е композитор на оваа нумера, додека аранжманот и продукцијата ја потпишува Никша Братош.