Стигнавме до половината на 2014 година чиј дискографски дел е одбележан со успехот на враќањето на групата Колдплеј – имено, нивниот нов албум „Ghost Stories“ стана најбрзо продаван албум на годината во Британија, воедно и шести Бр. 1 албум во кариерата на бендот.
Од 19 мај до вчера, „Ghost Stories“ е продаден во 168.000 парчиња, оставајќи ја конкуренцијата далеку позади себе.
Групата до сега во кариерата има продадено 11.1 милини албуми само во Британија. Во меѓувреме, на британската топ листа на синглови владее Сем Смит, со неговиот трет Бр.1 хит во кариерата со песната „Stay With Me“, додека синглот на Колдплеј, песната „А Sky Full Of Stars“, го зазема 15-тото место.