Поранешниот член на „Битлси“, Пол Макартни ја откажа јапонската турнеја „Out There“ поради влошување на вирусна инфекција и ќе мора да се одмора, соопштија денеска организаторите на концертот.
Тие не информираа што ќе биде со другите концерти од азиската турнеја. Пол Макартни (71) требаше да настапува во среда во Токио, во сабота во Осака. Последен пат во Јапонија бил во ноември.
– Се радував дека повторно ќе свирам во Јапонија откако во ноември ни беше толку многу убаво, рече во соопштението додавајќи дека е многу разочаран.
– Сакам да им заблагодарам на моите обожаватели во Јапонија за нивната љубов, пораките на поддршка и разбирање, додаде тој.
Пол Макартни се разболе откако пред една недела допатува во Јапонија. Организаториите велат дека лекарите му одредиле „целосен одмор“.