Хрватскиот пејач Масимо Савиќ одржа концерт во авион на 5000 метри височина.
Летот над западна Хрватска, како и концертот траеше два часа.
– Поради документарните филмови за авионските несреќи секогаш ми е страв од летање. Се помина добро иако ја чувствував секоја турбуленција. Но, сум многу задоволен, истакна Савиќ.
Распеаните патници во авионот уживаа во несекојдневниот концерт на хрватскиот пејач. Пред Савиќ, концерт во авион во 2007 година имаше Џамирокуај.