Музичкиот херој на некогашната југословенска сцена Дарко Рундек на 9-ти мај во Универзалната сала пред скопската публика ќе го одржи долго очекуваниот концерт во придружба неговото Карго Трио.
Бендот во октомври минатата година објави нова песна „Midnight Calypso“, со која на публиката и најави дека може да очекува нов албум во блиска иднина, а дотогаш, последно издание на групата останува албумот „Плави авион“, кој излезе во 2010-та година.
Минатата година беше издадена и книгата „Kнига за песните: Рундек, помеѓу“, чиј автор е хрватскиот музички новинар Анте Перковиќ. Во неа се опишани приказните за настанувањето на дел од хитовите во кариерата на Рундек, а содржи и мноштво фотографии, од кои повеќето никогаш претходно не биле објавени.
На концертот на 9. мај, скопјани ќе имаат вистинска прилика да ги слушнат старите хитови на Хаустор но и новиот матерјал на овој неуморен музички номад кој плени со секоја нова изведба.