Американка четири пати приведена поради љубов кон хит на AC/DC

Од:

Полицијата во градот Епинг, американската сојузна држава Њу Хемпшир, уапсила жена четири пати во 26 часа поради прегласно слушање на песна на славниот австралиски бенд AC/DC,

Како што пренесува во саботата телевизиската мрежа Sky News, добивајќи поплаки од соседството дека жената премногу гласно слуша еден од најпознатите хитови на AC/DC „ Highway To Hell”, полицијата во четвртокот попладне ја привела Џојс Коффи, предупредувајќи ја, но еден час подоцна на полицајците биле принудени да се вратат во нејзиниот дом којашто очигледно не ја прифатила сугестијата на полицијата „да прави помалку бука”. Пет часа по инцидентот, жената се вратила дома од полицијата и повторно на цел глас на нејзиниот музички уред ја слушала истата песна.

Полициската патрола била принудена да се врати повторно во домот на Американката и да ја уапсат, овојпат не поради прегласна бучава и нарушување на јавниот ред, туку поради расправија со нејзиниот внук кого со тава го удрила по главата.

Според еден од полицајците, една од причините за насилно однесување љубителката на гласната музика, најверојатно бил алкохолот..

Коффи била однесена во притвор. Судијата ја советувал да ја слуша омилената музика на слушалки, а судењето е закажано за 15-ти октомври.

Песната „Highway To Hellа” на славните Австралијци беше издадена во 1979 година на истоимениот албум и стана една од најпопуларните меѓу обожавателите и следбениците на AC/DC кои на секој свој концерт ја изведуваат без исклучок.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски