Белградската полиција добила налог за апсење на познатата српска пејачка Наташа Беквалац. Судијата издал налог за апсење поради претходно непојавување на поранешните покани на судот во врска со изрекување казна за сообраќаен прекршок.
Се работи за прекршокот претекнување на место каде со сигнализација било забрането, а заради овој прекршок на Беквалац и се заканува дури и затворска казна во траење од 30 дена.
На Наташа ова не и е првпат да има проблеми со законот. Таа веќе со години не плаќа казни за непрописно паркирање, па за 2,5 години направила 28 прекршоци за кои мора да плати 61.214 динари. Пред два месеци судот во Нови Сад наложи одземање на подвижен имот во висина на казната за 8 прекршоци. За уште 14 казни колку што и останаа, Беквалац треба да искешира 28.580 динари.