Финска е една од најпознатите земји во светот по организирањето на чудни натпревари како фрлање мобилен телефон, или носење жени, па и викендов се одржа еден таков необичен натпревар: Светското првенство во свирење на замислена гитара.
Добро во овој случај е што не може натпреварувачот да згреши, а лошото е што сите помалку наликуваат на тинејџери кои во својата соба си замислуваат дека свират, а всушност немаат ниту гитара ниту талент. Но, тоа воопшто не е важно, важна е добрата забава, а се разбира има и победници.
Играње на т.н. „воздухот гитара“ се сведува главно на имитирање на движењата на познатите музичари на сцената, кaко што се на пример: Џими Хендрикс, Слеш и други.
Натпреварувачите за ова првенство пристигаа од целиот свет, а победата ја однесе американецот Џастин Хауард.
Помеѓу гардеробата на талентите можеа да се видат кожени јакни, искинати или шарени панталони, а секој од учесниците имаше 60 секунди за да се претстави со својот имагинарен инструмент.
Жирито беше во состав од финскиот гитарист Јуха Торвинен, ТВ водителот Хеики Пасонен и победникот од шампионатот во 2000 година Маркус Ваиниопа.