ВИДЕО: Франција ќе ја признае Палестина, жестока реакција од Израел и САД

Од:

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Вашингтон го отфрлил планот на францускиот претседател Емануел Макрон за признавање на палестинска држава, нарекувајќи го планот на Макрон „неодговорна одлука“.

„Оваа неодговорна одлука служи само на пропагандата на Хамас и го забавува мирот“, напиша Рубио во објава на социјалната мрежа X.

Амбасадорот на Вашингтон во Израел, Мајк Хакаби, во јуни изјави дека не мисли оти независна палестинска држава останува цел на американската надворешна политика.

Франција ќе признае палестинска држава на Генералното собрание на ОН во Њујорк во септември, објави францускиот претседател Емануел Макрон на социјалните мрежи, предизвикувајќи жестоки критики од Израел и воодушевување од Палестинците.

„Верен на мојата историска посветеност на праведен и траен мир на Блискиот Исток, одлучив Франција да ја признае државата Палестина. Ќе го дадам официјалното соопштение на Генералното собрание на Обединетите нации во септември“, напиша францускиот шеф на државата на X и Инстаграм.

До денес, најмалку 142 земји признале палестинска држава, според АФП. САД и Израел се цврсто против таков проект.

„Итна потреба денес е да се стави крај на војната во Газа и да се спаси цивилното население“, нагласи францускиот претседател на X.

Во овој контекст, „конечно мора да изградиме палестинска држава, да ја обезбедиме нејзината одржливост и да обезбедиме дека со прифаќање на нејзината демилитаризација и целосно признавање на Израел, таа ќе придонесе за безбедноста на сите на Блискиот Исток“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Иран повикува на „целосна подготвеност“ за можен нов напад од САД и Израел

Кац му се закани на Касем: Ќе платиш со глава

Израелските војници кои ја уништија статуата на Исус добија 30 дена затвор

Макрон: Блокадата на Ормутскиот теснец е грешка од двете страни

А1он

Израел го прекрши прекинот на огнот – изврши серија напади врз Либан

А1он

Американска морнарица откако војниците фотографираа оброк на носач на авиони: „Нутритивно избалансирано“