Француските власти истражуваат голем сајбернапад врз супермаркети

Од:

Сајбер-напади го попречија работењето на стотици супермаркети во Франција, каде што проблемите со системите за ладење го загрозија складирањето на храната. Погодени беа околу 700 продавници, а некои трговци беа принудени да фрлат прехранбени производи поради дефекти во опремата за ладење.

Францускиот министер за финансии, Ролан Лескјур, изјави дека не постои закана за снабдувањето со храна во земјата, но предупреди дека нападот претставува сериозен ризик за безбедноста на храната.

Меѓу целите на нападот беа трговски ланци како „Intermarché“, „Coopérative U“, „Carrefour“ и „Monoprix“. Групацијата „Intermarché“, која управува со над 4.000 продавници низ Европа, пријави проблеми на приближно 300 локации, додека „Coopérative U“ соопшти дека биле погодени 80 од нејзините околу 2.000 продавници.

Проблеми пријави и холандската групација „Ahold Delhaize“, која привремено ги исклучи веб-страниците на своите брендови во Европа и САД. Компанијата изјави дека нема докази оти биле украдени податоци на клиенти или вработени.

Француските власти истражуваат напади насочени кон модулите за далечинско управување на системите за ладење. Според медиумските извештаи, напаѓачите наводно активирале континуирани циклуси на одмрзнување и ги менувале поставките за температура на одредени уреди, што потенцијално довело до расипување на храната. Меѓу потенцијално ранливите уреди се контролорите од данската компанија „Danfoss“ и американската компанија „Copeland“, кои се користат за управување со системите за ладење во супермаркетите и магацините.

Производителите изјавија дека проблемите се поврзани со постари системи за кои веќе не се достапни безбедносни ажурирања. Тие исто така истакнаа дека соработуваат со погодените клиенти за да се ублажат последиците.

Француското обвинителство покрена истрага, која вклучува и проценка на штетата предизвикана од расипувањето на храната. Досега не е утврдено кој стои зад нападот, ниту дали е користена вештачка интелигенција.

Би можело да ве интересира

Франција: Полицијата тврди дека 600.000 граѓани се на улиците, додека синдикатите бројат 1,6 милиони луѓе

Горан Наумовски

Франција: 270.000 луѓе на улиците, универзитетите блокирани, запалени контејнери за ѓубре

Париз не се откажува од солзавецот и шок-бомбите: Полицијата мора да се брани

Македонец фатен со 68 килограми кокаин во Франција

А1он

Франција се подготвува за нов хаос: Сè е затворено, распоредени 70.000 полицајци

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Париз: Маж пукаше со автоматска пушка, има мртви и ранети