Официјална потврда: Спречен е „нов 11 септември“

Од:

Властите на Обединетите Арапски Емирати за првпат официјално потврдија дека копилот на авиокомпанијата „Флајдубаи“, државјанин на Оман, планирал да киднапира авион на летот од Дубаи до Тел Авив и да го насочи кон патничкиот терминал на аеродромот „Бен Гурион“.

Според соопштението на државниот обвинител, нападот требало да биде самоубиствен и инспириран од терористичките напади во САД на 11 септември 2001 година.

Според прелиминарните резултати од истрагата, планот требало да биде спроведен на 30 септември.

Осомничениот имал намера да ја преземе контролата врз авионот и да го искористи за напад врз главниот израелски аеродром, со цел да предизвика што поголем број жртви.

Властите на Обединетите Арапски Емирати соопштија дека осомничениот признал оти дејствувал самостојно. Сепак, државниот обвинител навел дека истрагата продолжува за да се утврди дали имал соучесници, пренесува Си-ен-ен.

Осомничениот е идентификуван како Хамам ал Хамами. Пред планираниот напад, тој двапати летал на линијата до Тел Авив за да ги проучи рутата и аеродромот.

За случајот претходно известуваа израелските медиуми, но соопштението на властите во Обединетите Арапски Емирати е првата официјална потврда дека копилотот планирал со авион да удри во терминалот на аеродромот „Бен Гурион“.

Би можело да ве интересира

САД ги предупредуваат сојузниците да се подготват за можни напади врз Иран по изборите

Бен-Гвир повикува на освојување на цела Газа и преселување на Палестинците во Франција и Британија

Војната со Иран ги чинела САД над 47 милијарди долари, Пентагон пресметува нови трошоци

„Волстрит џурнал“: САД се подготвуваат за можен краток, но интензивен воен судир со Иран

Горан Наумовски

Истрага на ОН: Израел продолжи да врши геноцид во Газа дури и по примирјето

Хамнеи: Иран продолжува да управува со Ормутскиот теснец