Трамп за масовните протести во Франција: „Исламот сака да ја преземе некогаш големата земја“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи за масовните протести и немири во Франција, тврдејќи дека причината не се проблемите во училиштата, туку масовната миграција и исламот.

„Она што се случува во Франција не е ништо друго освен неконтролирана масовна миграција. Овде не станува збор за училиштата, туку за исламот кој сака да ја преземе некогаш големата земја“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Трут соушл“.

Протестите, кои започнаа како ученичко движење поради состојбата во средните училишта, недостигот на кадар, условите за работа и други проблеми во образовниот систем, подоцна се проширија и на други општествени групи.

Во демонстрациите учествуваат ученици, наставници, родители и синдикати, а дел од протестите беа проследени со судири со полицијата, палење и немири.

Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека денеска низ целата земја протестирале 256.000 луѓе, од кои околу 56.000 во Париз.

Синдикатите, пак, тврдат дека бројката била значително поголема – околу 450.000 демонстранти, од кои 100.000 во главниот град.

Би можело да ве интересира

Русија тестира необична одбрана од украински дронови: Балони треба да ги соборуваат од небо

Предраг Петровиќ

Трамп: Гласањето во САД е корумпирано

А1он

Претседателот на Финска: Украина ја има најмодерната, најефикасната и најискусната армија

Пукање во Норвешка: Има загинати

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русите со дрон го погодија Северниот мост во Киев

Предраг Петровиќ

AfD за првпат достигна 30 отсто, имаат огромна предност пред останатите

Предраг Петровиќ